Хулијан Алварес е главната цел на Барселона кога е во прашање летниот преоден рок, а Каталонците испратија понуда од 100 милиони евра за аргентинскиот напаѓач пред неколку недели. Сепак, Атлетико (М) јасно стави до знаење дека Алварес не е на продажба, особено не на голем ривал, и покрај тоа што самиот напаѓач јавно изјави дека сака да оди во каталонскиот клуб. Ситуацијата помеѓу Барселона и Атлетико стана максимално напната, но Каталонците ...

Барселона продолжува да работи на ангажманот на Хулијан Алварес од Атлетико Мадрид. Спортскиот директор на каталонскиот клуб, Деко, заедно со својот асистент Жоао Амарал, отпатува во Мадрид на средба со агентот на аргентинскиот напаѓач, Фернандо Идалго. Целта на разговорот е да се направи план за следните чекори и да се најде начин за реализација на трансферот. Алварес моментално е на одмор на Ибица, а во тренинг-кампот на Атлетико треба да ...