Безживотните тела на 18 лица биле извлечени од морскиот дел југозападно од грчкиот остров Крит, откако потонал чамец со мигранти, додека пак спасени биле две лица, јави дописничката на МИА од Атина. Како што информираа од крајбрежната служба на Грција, започната била спасувачка акција откако половина од потонатиот чамец бил откриен од товарен брод што пловел под турско знаме, а бил во близина. Несреќата се случила на 26 наутички милји ...
Дванаесетгодишно момче почина откако беше растргнато од пропелер на брод, откако турски мигрант фрли 37 мигранти во морето кај грчкиот остров Самос, објави грчката телевизија Скај. Мигрантите, како и телото на детето, беа пронајдени од грчката крајбрежна стража на плажата Звала на островот, објави локалната новинска веб-страница samos24.gr. Според државната телевизија ЕРТ, шверцерот ги фрлил мигрантите во водата, а потоа се обидел да избега. ...

