Владата предлага субвенционираниот студентски оброк да се зголеми од сегашните околу 3.500 на 4.500 денари месечно, а студентите да добијат и дополнителни попусти при купување храна. Предлогот им бил презентиран на претставниците на студентските парламенти на универзитетите, информираше премиерот Христијан Мицкоски. Според најавениот модел, студентскиот оброк би се користел преку посебна услуга „М-студентски оброк“ во апликацијата ...

Студентскиот оброк стана предмет на преговори, но и надмудрување, вклучувајќи лажни меилови, прифаќање и неприфаќање на предлози. По разговорите меѓу претставници на владата и на Студентскиот отпор, на крајот на минатата недела во медиумите излегоа информации дека движењњто „Студентски отпор“ ги прифатило предлозите на Владата. Но, бргу потоа, реакција од движењето, дека некој злоупотребува, и дека меил адресата е лажна, а содржината на ...