И покрај исплатата на 143 милиони евра на АД Номагас Скопје за изградба на три магистрални гасоводи, тие сè уште не се ставени во употреба, нотира Државниот завод за ревизија. Во забелешките на нивниот извештај стои дека тоа е така, пред сè, поради нерешени имотно-правни односи и пролонгирани одобрувања. Ревизијата, исто така, откри неправилности во управувањето со имот, евиденцијата на капиталот и распределбата на надоместоци, што може ...
Во извештајот се нотираат сериозни неправилности во управувањето со имотот, евиденцијата на капиталот и распределбата на надоместоци, кои, според ДЗР, можат неповолно да влијаат врз ликвидноста на друштвото и развојот на гасниот систем во државата. За сите утврдени слабости, ревизорите дале конкретни препораки за нивно надминување и унапредување на финансиското и материјалното работење. Најголемиот дел од инвестициите во тек се однесуваат на ...

