Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, објави дека пратеничката група на неговата партија подготвува 10.000 амандмани за да ги блокира донесувањето на измените во Изборниот законик. Тој објави на Фејсбук како пратениците ги подготвуваат амандманите. Изборниот законик е еден од петте закони за кои Деловникот дозволува филибастеринг во Собранието. Во исто време додека сдсмовците ги подготвуваат амандманите Собранието со 59 гласа „за“, ...

СДСМ ќе поднесе 10.000 амандмани за Изборниот законик за кој попладнево Собранието ја изгласа потребата од носење по скратена постапка. – Наскоро граѓаните ќе видат како изгледа криминален закон. Нема да дозволиме изборна кражба. 10.000 амандмани подготвени, напиша на фејсбук лидерот на СДСМ Венко Филипче објавувајќи фотографии од пратеничката група на СДСМ. СДСМ, која се повлече од работната група за Изборниот законик, има забелешки на ...