Наместо дел од европските пари да завршат кај земјоделците, завршиле во обид за поткуп од 50 илјади евра. Поднесено е обвинение за аферата ИПАРД.Според Обвинителството за гонење организиран криминал и корупција, обвинетите се „лизнале“ токму на парите, нудејќи и делејќи мито за да протуркаат апликација што не ги исполнувала условите. Во шемата се вмешани девет луѓе и едно правно лице, меѓу нив и државни службеници од Агенцијата за финансиска ...
По најновото обвинение за злоупотреба на европските пари од ИПАРД програмата за подршка на земјоделството, индициите сугерираат дека случајот со Џевдет Насуфи и Илија Стоилев можеби е само врв на ледениот брег. Фокусот на истражителите сега се шири кон претходни јавни повици и договори склучени во изминатите години. Крајниот исход од овие постапки ќе биде тест за македонскиот правосуден систем и неговата способност да се справи со високата ...

