Адвент-календарот на брендот „Skims“, основан од Ким Кардашијан, предизвика лавина негативни реакции поради содржината која, според мислењето на бројни купувачи, не ја оправдува високата цена. По критиките, компанијата одлучи да понуди можност за враќање на парите. Производот, кој во САД чини 148 долари, додека на европската верзија на официјалната веб-страница неговата цена изнесува 188 евра, ги разочара купувачите кои очекувале многу повеќе ...

Брендот за долна облека и облека за обликување на телото „Скимс“ на Ким Кардашијан им нуди поврат на парите на купувачите по лавината критики за адвент-календарот од 148 долари, кој содржел евтини додатоци, меѓу кои шноли, ластици за коса и прерамки за градник, пишува „Индепендент“. @wetsloppyswollen♬ original sound – wetsloppyswollen Незадоволството особено се прошири на социјалните мрежи, откако една корисничка на Тикток објави видео во ...