Датумот 15 декември e поставен како рок до кога е пожелно институциите да ги достават сите тековни расходи за да може навреме да се завршат исплатите, а не да останат незавршени и да се книжат догодина, изјави премиерот Христијан Мицкоски одговарајќи на новинарско прашање. – Јас не реков дека ќе се затвори трезорот, туку го поставивме 15 декември како датум кога сите институции е добро да ги достават сите оние тековни потреби, расходи и сите ...
Министерката за финансии Гордана Димитриеска-Кочоска денеска порача дека „Трезорот не се затвора“ и дека нема простор за паника по објавите и предупредувањата дека на 15 декември ќе се стопираат буџетските исплати. Според неа, јавната расправа излегла „од контрола“ затоа што рокот за доставување налози од институциите се претставува како ставање клуч на трезорската сметка. Кочоска вели дека не станува збор за заклучување на Трезорот, туку за ...
Плати и К-15 за администрацијата ќе има без разлика дали налозите ќе стигнат по 15 декември, уверува премиерот Христијан Мицкоски. Тој вели дека Трезорот за буџетски плаќања нема да биде затворен утре, туку дека на институциите им е наложено да ги поднесат сите налози за плаќање за да има време да се обработат до Нова година. Сепак, најави дека ако некој задоцни ќе може да се направат исклучоци. „Не реков јас дека ќе се затвори трезорот, туку го ...

