Фудбалската репрезентација на Македонија до 21 година е пред победа на гостувањето кај Ерменија (0-2) затоа што во вториот дел убав гол постигна Адмир Љатифи. Напаѓачот на хрватски Осијек покажа неверојатна брзина и се прошета до голот на ривалот. Ја измеша одбраната на Ерменците, си создаде простор и биеше во горниот дел од голот за двојна позитива на Македонија У21. Нашиот национален тим игра во квалификациите за Европското првенство, но ...

По серијата лоши резултати и тешки порази од фаворитите во групата, македонската фудбалска репрезентација до 21 година конечно успеа да запише нова победа во квалификациите за Европското првенство. Избраниците на селекторот Горан Станиќ попладнево славеа на гостувањето во Ереван против врсниците од Ерменија со сигурни 2:0. Овој натпревар немаше резултатско значење во битката за пласман (со оглед на тоа што нашите надежи веќе ги загубија сите ...