НАТО повика на „одговорност и воздржаност“ откако истече договорот „Нов СТАРТ“ меѓу САД и Русија, последниот преостанат рамковен документ што ги ограничува и регулира нивните стратешки нуклеарни арсенали. Истекот на договорот повторно ги раздвижи стравувањата од нова трка во вооружување, во момент кога глобалната безбедносна архитектура веќе е под силен притисок од војни, санкции и кревки дипломатски канали. Во изјава за АФП, претставник на ...
Генералниот секретар на ОН, Антонио Гутереш, предупреди дека истекот на договорот „Нов СТАРТ“ е сериозен удар за меѓународниот мир и ги повика Русија и САД да започнат преговори за нова рамка за контрола на нуклеарното оружје, откако договорот истече на полноќ, оставајќи ги двете земји без обврзувачки ограничувања. Од Вашингтон со став дека контролата на оружјето во 21 век е тешка без вклучување на Кина поради нејзините големи и растечки ...

