Во Чифте амам вечерва (14 ноември) во 20 часот ќе биде отворена изложбата „Стопен град“ на Игор Сековски. Изложбата е визуелна авантура низ форми и материјали кои раскажуваат градска топографија, меморија и време на едно инспиративно патување. Игор Сековски го продолжува своето истражување на градот како жив, чувствителен и нестабилен организам. По серијата дела посветени на урбаните трансформации, овој пат фокусот е насочен кон климатските ...
Скопје, 14 ноември 2025 (МИА) - Изложбата „Стопен град“ на Игор Сековски вечер ќе биде отворена во Националната галерија на Република Северна Македонија, објект Чифте амам. Проектот е реализиран со поддршка на Министерството за култура и туризам и Националната галерија на Република Северна Македонија и ќе биде поставен до 27 ноември. Кураторот Ана Франговска пишува дека со проектот „Стопен град“, Игор Сековски го продолжува своето истражување на ...

