„Министерството јасно и намерно пласира теза дека некој наводно одбил зголемување на коефициентите во 2023 година и дека токму поради тоа денес, на сила, е наметнато ова „соломонско решение“ за пресметка на платите. Ова е свесна манипулација и грубо извртување на фактите. Некој кој многу лошо го информира министерот, не ги прегледал документите кои ги наведува“, велат од Синдикатот на култура на Република Македонија откако од ресорот култура ...

Според министерството за култура и туризам незаконското упатство за пресметка на платите во културата, испратено само со потпис на министерот Љутков, е единствен начин да се пресметаат платите на вработените. А, како изговор ја наведуваат невграденоста на зголемувањето од 10% во коефициентите по работно место, утврдени со членот 66 од Колективниот договор за култура. Вака денеска реагираа од Синдикатот за култура на Македонија, на вчерашната ...