Со Венецуела управува легитимна влада со поддршка од народот, изјави денес привремената претседателка на Венецуела, Делси Родригез, по објавата на американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа „Трут соушл“ (Truth Social) во која се нарече себеси вршител на должноста претседател на латиноамериканската земја. „Венецуела има влада која ја води земјата. Постои овластен претседател и има претседател кого САД го држат како заложник, ...

Американскиот претседател Доналд Трамп објави фотографија на својот профил на социјалната мрежа Truth Social, тврдејќи дека е 45-ти и 47-ми претседател на Соединетите Американски Држави, како и вршител на должноста претседател на Венецуела од јануари 2026 година. Соединетите Американски Држави започнаа воена операција во Венецуела на 3 јануари, при што ги заробија претседателот Николас Мадуро и неговата сопруга Силија Флорес за да им се суди ...