Денеска од 16 часот се играат три средби од 31.коло во ПМФЛ, и сите три се значајни во битката за опстанок. Сепак во преден план е мечот во Струмица меѓу Брера и Работнички. Имено се знае дека Работнички, некогашниот гигант во мак – фудбалот, мора, ама баш мора да победи. Во спротивно уште денеска ќе се официјализира како “второлигаш“ за следната сезона. Јасно е дека клубот од Градски парк е под притисок, да не говориме за играчите и ...

На само три кола до крајот на шампионатот во Првата македонска фудбалска лига, Работнички сè уште ја води жестоката битка за опстанок и нема простор за нов кикс. „Романтичарите“ денеска ги очекува тешко гостување кај АП Брера во Струмица, натпревар во кој единствена цел за скопскиот состав се трите бода. Борбата за избегнување на опасната зона станува сè понеизвесна, а секој бод може да биде пресуден во финишот од сезоната. Работнички ќе мора ...