Можното назначување на Андреа Пирло за селектор на Италија наиде на политички отпор поради неговите комерцијални врски со руска компанија за обложување. 47-годишниот освојувач на Светското првенство во 2006 година, се наметна како фаворит за да го наследи Џенаро Гатузо на клупата на „Аѕурите“ откако поранешниот менаџер на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ја одбил понудата. Меѓутоа, клучните личности во Италијанската фудбалска федерација (FIGC) ...
Претседателот на Италијанската фудбалска федерација (FIGC), Џовани Малаго, одлучи привремено да го суспендира процесот на назначување на Андреа Пирло за селектор на репрезентацијата. Новинарот Џанлука Ди Марцио информира дека состаноците закажани за 27 јули нема да се одржат. Ова значи дека објавувањето на новиот селектор за време на собранието на лигата закажано за 28 јули веројатно нема да се одржи. Пирло се соочува со проблеми во Италија ...
Андреа Пирло беше изборот на Малдини и Леонардо за нов италијански селектор, а откако се беше подготвено да стави потпис на договорот, во Италија се активираа политички притисоци и трети страни за да ја блокираа оваа зделка. Како што стојат работите во овој момент, легендарниот Пирло нема да стане нов италијански селектор, а причина за тоа е негов важечки договор со руски букмејкер од периодот кога работеше во Обединетите Арапски Емирати. За ...

