Преживеаното девојче Сара Велинова, која се онесвестила за време на пожарот во кочанската дискотека „Пулс”, и за среќа потоа се разбудила надвор на паркингот, речиси задушена, кажа дека плафонот на диското баш над бината и баш над огнените прскалки, бил спуштен. Како и претходните сведоци, и таа направи разлика од пред реновирањето, кога плафонот бил повисок. Претходно и други сведоци го кажаа тоа, што за дел од адвокатите беше сомнително, ...
Потресни сцени, вербални пресметки и прекин на рочиштето го одбележаа денешното судење за катастрофалниот пожар во кочанската дискотека „Пулс“. Додека преживеаните сведочеа за стампедото и „спуштениот плафон“ кој станал огнена стапица, одбраната издејствува прекин поради влошената здравствена состојба на еден од обвинетите. Тензиите го достигнаа врвот кога адвокатката на Гроздан Милковски (сопственик на објектот) побара прекин на судењето ...

