Поддржувачи на иранскиот престолонаследник во егзил Реза Пахлави се собраа во близина на иранската амбасада во Токио, славејќи ги нападите врз Иран извршени од САД и Израел. Додека знамето на амбасадата беше спуштено на половина копје, демонстрантите извикуваа „Да живее кралот“, танцуваа и вееја знамиња и транспаренти. Американскиот претседател Доналд Трамп изјави дека е време иранскиот народ „да ја преземе власта“, по заедничката операција ...
Само еден од четири Американци ги одобрува американските напади, како дел од заедничката американско-израелска операција, во која вчера беше убиен иранскиот лидер, додека околу половина – вклучувајќи еден од четири републиканци – веруваат дека претседателот Доналд Трамп е премногу подготвен да употреби воена сила, покажува анкета на Ројтерс/Ипсос што заврши денес. Околу 27 проценти од испитаниците велат дека ги одобруваат нападите, додека ...
Петнаесет американски авиони ги напуштија воените бази Рота и Морон во јужна Шпанија откако САД и Израел започнаа напади врз Иран во текот на викендот, според мапите објавени од веб-страницата за следење летови FlightRadar24 во понеделник. Министерот за надворешни работи, Хозе Мануел Албарес, изјави дека Шпанија нема да дозволи нејзините воени бази, кои заеднички ги водат САД и Шпанија, но се под шпански суверенитет, да се користат за напади ...
Генералниот секретар на НАТО, Марк Руте, денес во Скопје по состанокот со Претседателката Сиљановска изјави дека американско-израелските напади врз Иран имаат широка поддршка меѓу европските држави, додавајќи дека Алијансата како организација нема да биде вклучена во конфликтот. Изјавата беше пренесена по неговите настапи поврзани со актуелната ескалација на Блискиот Исток. Руте оценува дека ударите ја намалуваат способноста на Техеран да ...

