Фудбалскиот клуб Ле Ман после 16 години пауза и мачење во одредени периоди кога немаа пари и испаднаа и во трета лига, застана на нозе и повторно ќе биде дел од прволигашкото француско друштво. Ле Ман синоќа гостуваше кај Бастија и во финишот водеше со 2-0 кога фановите на тимот од Корзика го прекинаа мечот со фрлање на пиротехника на теренот. Извесно е дека Ле Ман ќе добие службена победа, затоа и синоќа се славеше пласманот во првата лига. ...

Екипата на Ле Ман пред нецели две години се наоѓаше на работ на банкрот, кога бројни еминентни спортски имиња предводени од Новак Ѓоковиќ решија да инвестираат ппари и да го спасат овој клуб од колапс. Ле Ман еднаш прогласи банкрот во 2013 година, успеа да се врати во втората лига кога му се закануваше повторување на црното сценарио, но тоа се промени по инвестицијата на Ѓоковиќ, Тибо Куртоа, Кевин Магнусен, Фелипе Маса… Резултатите експресно ...