Водата во Гостивар се уште не е добра за пиење – и по две недели од забраната надлежните велат дека резултатите од анализите се уште не се добри за да се повлече забраната. Министерот за здравство Сашо Клековски денеска порача дека мора да бидат сигурни во безбедноста пред да донесат одлука. Сашо Клековски – Министер за здравство: „Сакаме да бидеме максимално сигурни пред да дозволиме водата да се употребува за пиење и подготовка за храна. ...

Гостиварското јавно претпријатие „Водовод“ уште од 2007 година работи неодговорно и неефикасно, а неговата сметка во континуитет е блокирана, предупреди државниот ревизор Максим Ацевски во интервју за ТВ 24. Според Ацевски, долгогодишното несоодветно управување со претпријатието укажува на сериозни слабости во неговото финансиско и оперативно работење. Тој алармира дека проблемите не се нови, туку траат речиси две децении, без да бидат ...