1579. – Во Утрехт, побунетите провинции Холандија, Зеланд, Утрехт, Галдерленд, Фризија, Гронинген и Оверајсел, поради пропаднатите обиди за помирување со шпанската управа, ја создале Утрехтската унија како сојуз за заедничка борба против Шпанија. Провинциите во 1581 година се отцепиле од Шпанија, а со Вестфалскиот мир во 1648 година биле меѓународно признаени како независна држава. Протестантските Холанѓани не се помириле со строгата ...

1500. – Шпанскиот морепловец Висенте Ханес Пинсон стигнал до бреговите на денешен Бразил, што претставува едно од најраните европски пристигнувања во Јужна Америка. 1531. – Португалија била погодена од катастрофален земјотрес. Главниот град Лисабон бил речиси целосно разурнат, а загинале околу 30.000 луѓе. 1788. – Британски бродови со првите доселеници од Велика Британија, меѓу кои и група затвореници, впловиле во заливот Ботани Беј во ...