Чопор улични кучиња е забележан во Кисела Вода, а според сведоштва на граѓани, кучињата се пуштаат кон луѓе и предизвикуваат страв кај жителите. Само утрово, според информациите што ги споделуваат граѓани, кучињата тргнале кон две мајки со колички во кои имало бебиња. Мајките во тој момент ги носеле децата во градинка. За среќа, успеале да се одбранат. Особено загрижува фактот што станува збор за подрачје каде има училиште, две детски ...

Уличните кучиња стануваат сè поголем проблем за скопјани, а нови случаи на напади и агресивно однесување се пријавуваат во Ѓорче Петров и Кисела Вода. На улицата „Македонска војска“ во Ѓорче Петров жителите алармираат дека четири кучиња подолг период трчаат и напаѓаат минувачи, велосипедисти и моторџии. Еден жител, обидувајќи се да се одбрани од кучињата, паднал и го скршил зглобот на неколку места, по што бил опериран и му биле поставени две ...