Се појави снимка на која се гледа како Џуд Белингам негодува кон Винсиус Жуниор што не ја додаде топката кога имаше шанса при 3-2 во финишот, а Бразилецот дрско му возврати на тимскиот колега. Винисиус е фатен од камерите како вели: „Што сакаш? Што сакаш? Затвори ја устата“. А, потоа кажува и пцовка на португалски јазик. Легендарниот голман на Реал, Икер Касилјас, жестоко го критикуваше односот на Вини. „Токму ова е причината зошто тие ...
За време на синоќешниот натпревар од Лигата на шампионите на „Алијанц Арена“ помеѓу Баерн и Реал Мадрид, дојде до вербален судир помеѓу гостинските играчи Винисиус и Џуд Белингам. Имено, камерите на телевизијата Movistar снимија судир помеѓу двајцата играчи за време на шанса за Реал Мадрид откако Упамекано лошо ја прими топката. Винисиус се стрча во шеснаесетникот, Белингам бараше додавање, но Бразилецот лошо ја контролираше топката, што му ...

