Македонскиот олимписки тим на Зимските олимписки игри во Милано и во Кортина ќе биде составен од четворица натпреварувачи, најмногу досега на едни Зимски олимписки игри, двајца во нордиските и двајца во алпските дисциплини. Во нордиските дисциплини ќе нè претставуваат Ставре Јада и Ана Цветановска, додека во алпските дисциплини Јана Атанасовска и Виктор Петков. Нашите нордијци ќе настапат на 10, 12 и 13 февруари, додека алпските дисциплини ќе ...

Сè е подготвено за почетокот на 25. Зимски олимписки игри 2026 година во Милано и Кортина (од 6 до 22 февруари). Ова ќе бидат трети Олимписки игри што ќе се одржат во Италија, по Кортина д’Ампецо во 1956 година и Игрите во Торино во 2006 година. (Рим беше домаќин на Летните олимписки игри во 1960 година.) Ќе има 116 натпревари за медали во 16. спорта закажани за овој олимписки настан. Овие Зимски олимписки игри ќе бидат домаќини на најголем ...

Сабота, 8 февруари, се одбележува уште една годишнина од Зимските олимписки игри во Сараево во 1984 година, и по тој повод, вниманието на спортските фанови повторно е насочено кон една од најпознатите олимписки локации во поранешна Југославија - патеката за боб на Требевиќ, објави Независне. Во исто време, светот се подготвува за новите Зимски олимписки игри што ќе се одржат во Милано и Кортина д’Ампецо, кои официјално ќе бидат отворени на 6 ...

Вечерва, со церемонија на стадионот на Милан и Интер - „Сан Сиро“, и официјално ќе започнат 25. Зимски олимписки игри, а ќе траат до 22 февруари. На третите игри по ред организирани во Италија, кои овој пат официјално се домаќини Милано и Кортина д'Ампецо, Македонија ќе ја претставуваат четворица натпреварувачи – Ставре Јада и Ана Цветановска во нордиско скијање, и Јана Атанасовска и Виктор Петков во алпско скијање. Вкупно 2.871 спортисти ќе ...