Унгарската Влада го поддржува мировниот план за Украина на американскиот претседател Доналд Трамп, изјави денеска Гергели Гујаш, шеф на кабинетот на премиерот Виктор Орбан. Тој рече дека спогодбата треба да биде постигната „што е можно поскоро“. На новинарско прашање за шпекулациите дека Орбан утре ќе патува во Москва на средба со рускиот претседател Владимир Путин, Гујаш одговорил дека прашањето е „премногу хипотетичко“ за да биде коментирано. ...

Францускиот претседател Емануел Макрон денес по средбата во Елисејската палата со неговиот украински колега Володимир Зеленски изјави дека засега нема сеопфатен мировен план за Украина, објавија француските медиуми. „Денес нема финализиран план во врска со територијалните прашања. Само претседателот Зеленски може да го финализира“, рече Макрон на заедничката прес-конференција со украинскиот претседател, додавајќи дека „американските медијатори ...

Кремљ потврди дека американскиот специјален пратеник Стив Виткоф утре ќе се сретне со Владимир Путин во Москва за да разговараат за последниот американски предлог за крај на војната во Украина. „Средбата со Виткоф е планирана за вторник и ќе се одржи во втората половина од денот“, изјави портпаролот на Кремљ, Дмитри Песков. Виткоф треба да допатува со зетот на Трамп, Џеред Кушнер, за да разговараат за мировна рамка што американски и украински ...

Унгарскиот премиер Виктор Орбан изложи контроверзна визија за иднината на Украина, сугерирајќи дека по војната таа би требало да постои главно како тампон-држава меѓу Русија и НАТО, јави ДПА. Во интервју за весникот „Ди Велт“, Орбан посочува дека неизбежно ќе бидат направени територијални отстапки кон Русија, а големината и капацитетите на украинските вооружени сили ќе бидат намалени. Овие коментари следат по неговата контроверзна посета на ...