Настанот „Отворив очиња – видов ден“ што за прв пат ќе се случи во недела, 28 јуни, во Велес го организира ЈЗУ Општа болница Велес како иницијатива на здравствените работници од Гинеколошко – акушерското одделение. Посветен е на родителството, на новиот живот и на најубавите моменти од создавањето на едно семејство. „Идејата за овој настан произлезе од долгогодишното професионално искуство на здравствените работници од Гинеколошко-акушерското ...
Под мотото „Отворив очиња – видов ден, синоќа во Велес за првпат се одржа дефилето на бебиња во колички, нивните мајки и трудници, во организација на ЈЗУ Општа болница Велес. Настанот беше инициран од здравствените работници од Гинеколошко-акушерското одделение, со поддршка од Општина Велес. Дефилето симболично го претстави патувањето од бременоста, преку породувањето, до првата прегратка и првите моменти на родителството. По прошетката низ ...

