Лидерот на Левица, Димитар Апасиев ја коментираше ситуацијата со вклучените камери на системот „Безбеден град“ што ќе ги регистрира сообраќајните прекршоци. Апасиев критикува дека системот ќе ги казнува и возачите кои ќе возат со еден километар над дозволената брзина. „Кога бев во Москва, на шоферот што не возеше од аеродром до хотелот, по пат му стигнаа ДВЕ КАЗНИ за сообраќаен прекршок… Го прашав како им работи системот? Ми рече дека само кога ...
Камерите „Безбеден град“, кои ќе ги евидентираат сообраќајните прекршоци, се пуштени во употреба во Северна Македонија од 1 декември. Во текот на месец декември, граѓаните кои ќе ги прекршат сообраќајните правила ќе добиваат само опомени, додека од 1 јануари 2026 година ќе има и казни. Овој проект е замислен како голема технолошка транзиција во полициското патролирање и контролата на сообраќајот. Целта на системот, како што наведува ...

