На територијата на Општина Гостивар наскоро ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, потврди раководителот на Одделот за епидемиологија при Институтот за јавно здравје, д-р Драган Кочински. Според него, во координација со Центарот за јавно здравје – Тетово, во текот на денот ќе биде донесена официјалната одлука за прогласување епидемија, со цел да се овозможи подобра координација меѓу сите надлежни институции во справувањето со ...
Раководителот на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје, д-р Драган Кочински, ги повика граѓаните на Гостивар да соработуваат со епидемиолошките тимови и да одговараат на повиците за анкетирање, со цел побрзо да се утврди изворот на заразата. Тој истакна дека најважни не се бројот на спроведени анкети, туку точните информации што ги даваат заболените, бидејќи тие се клучни за епидемиолошката анализа. ...
На територијата на Гостивар ќе биде прогласена епидемија на заразна болест, рече д-р Драган Кочински, раководител на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања во Институтот за јавно здравје (ИЈЗ). Во денешната изјава за медиумите, тој кажа дека првите пријави до ИЈЗ се доставени утрово и досега се пријавени вкупно 140 заболени лица, на кои им се врши анкета од страна на епидемиолози. „Ние сме во комуникација со Центарот за јавно здравје ...
Бројот на лица кои најверојатно се затруја од загадување на водата во Општина Гостивар се зголеми на околу 3.100 лица. Заболените се од различни возрасни групи, а симптомите се појавувале во различни денови, информираше денеска министерот за здравство Сашо Клековски, кој уште еднаш ја исклучи храната како причина за масовното труење, поради што во Општината вчера беше прогласена епидемија на заразна болест. ПОВРЗАНИ ВЕСТИ Прогласена епидемија ...

