Екипата на Вест Хем се избори за голем бод на гостувањето кај Манчестер Јунајтед (1-1) во натпреварот од четиринаесеттото премиерлигашко коло. Головите пристигнаа во второто полувреме од мечот. Најпрво Јунајтед поведе со голот на Португалецот Диого Далот, кој биеше во 58. минута и ја израдува публиката на „Олд Трафорд“. Се чинеше дека „ѓаволите“ се во одличен налет, но повторно на виделина излегоа дефанзивните слабости на тимот кој не реагираше ...
Во последниот натпревар од 14-то коло од англиското фудбалско првенство, Манчестер Јунајтед и Вест Хем одиграа 1:1 на „Олд Трафорд“ пред 73.938 гледачи. Манчестер Јунајтед имаше можност со победа да скокне на петтото место во Премиер лигата, но „Црвените ѓаволи“ не успеаја да дојдат до трите бода. Јунајтед победи само на еден од последните шест натпревари во Премиер лигата против Вест Хем. Домашниот тим поведе во 58. минута со погодокот на Диого ...

