Четири лица се повредени во тешката сообраќајна несреќа што утринава се случи на магистралниот пат Кичево–Охрид, кај кичевското село Другово. Од СВР Охрид информираат дека несреќата се случила во 09:15 часот и во неа учествувале две патнички возила. Според првичните информации, две лица се здобиле со тешки телесни повреди, додека уште две лица поминале со полесни повреди. Повредените се пренесени во Специјализираната болница „Св. Еразмо“ во ...

Словенечката полиција објави нови детали за сообраќајната несреќа во која учествувала претседателката Наташа Пирц Мусар минатиот петок, враќајќи се од Хрватска. Се наведува дека причина за судирот е неодржување на потребното безбедносно растојание во официјалниот конвој, пишува „N1 Словенија“. Според полицискиот извештај, несреќата се случила кога 52-годишниот возач на „Mercedes V300“, во кој патувала претседателката, не одржувал доволно ...