Цените на кафето во угостителските објекти бележат пораст во изминатиов период, при што граѓаните издвојуваат од 80 до 150 денари за едно кафе, зависно од видот и од локацијата на локалот. Еспресото и макијатото најчесто се нудат по пониски цени, додека специјалните кафиња, како капучино, лате или ароматизираните варијанти, се поскапи. Со порастот на цената на кафето, се менуваат и навиките на граѓаните. Ако седнувањето на кафе со пријатели ...
Кафето кое со децении важеше за најевтиниот луксуз во градот, денес во некои локали достигнува и до 200 денари. За некого тоа е само бројка на сметка, за друг е знак дека секојдневната навика полека се претвора во привилегија. Угостителите велат дека не станува збор за алчност, туку за гола математика. Граѓаните, пак, тврдат дека сметката одамна престанала да биде разумна. Во централните градски подрачја, ценовниците се менуваат побрзо ...
Град што живее на маса Во Скопје, кафето не е пијалак. Тоа е институција. Без разлика дали е понеделник во 10 наутро или сабота навечер, кафулињата се полни. Средби, договори, паузи, флертови, бизнис-разговори – сè се случува на маса. Но што точно значи оваа постојана потреба да „се излезе на кафе“? Ритуал на припадност Социолозите го опишуваат кафето како ритуал на социјална интеграција. Да не излегуваш – значи да исчезнеш од кругот. Да не ...

