Еден американски астронаут и двајца руски космонаути се вратија на Земјата од Меѓународната вселенска станица. Астронаутот Џони Ким и космонаутите Сергеј Рижиков и Алексеј Зубрицки слетаа во Казахстан, по 245 дена во вселената. Вселенскиот брод Сојуз се одвои од станицата синоќа над источна Монголија и слета рано утрово во базата. Нивните места ги пополнија астронаутот Крис Вилијамс и руските космонаути Сергеј Микаев и Сергеј Куд-Сверчков, ...

За да се спречи повторување на вонредната состојба од минатиот месец, двајца членови на тричлениот екипаж на „шенџоу-21“ спроведоа вселенска прошетка и распоредија заштита користејќи ја роботската рака на Тиангонг, соопшти Канцеларијата за хумано вселенско инженерство на Кина (ЦМСЕО). Астронаутите го прегледале и фотографирале оштетениот прозорец на вселенското летало „шенџоу-20“, кое сè уште е приклучено на станицата и ќе биде вратено на ...

Меѓународната вселенска станица (МВС) е полна со бактерии и габи, кои можат да предизвикаат различни болести и да влијаат на формирање биофилмови отпорни на антибиотици, а исто така може да влијаат и на корозија на вселенското летало, покажало ново истражување. Во станицата изградена во 1998 година, која кружи околу 400 километри над Земјата, научниците од НАСА откриле дека микробите главно потекнуваат од луѓето и се слични на оние што се ...