Македонската кошаркарска репрезентација попладнево (18 часот), во Даблин ќе гостува на Република Ирска во меч од второто коло од претквалификациите за пласман на Европското првенство. Нашата репрезентација одлично стартуваше во овие ппретквалификации откако убедливо со 87:49 го победи Азербејџан во Скопје, но сега во ист ритам треба да се продолжи и денеска. Ирска воопшто не важи за кошаркарска нација и едноставно Македонија без поголеми ...

Ирците подобро го почнаа натпреварот, ја добија првата четвртина со 27-22, но македонските кошаркари го кренаа нивото во вториот период, комплетно го свртеа резултатот и на одмор заминаа со предност од два разлика, беше 42-40 за нас. Следуваше голема борба во третиот период кој им припадна на Ирците со три разлика, па тие влегоа со еден поен предност во последните 10 минути. Но, кога се решаваше прашањето за победникот, Македонија изгледаше ...

Македонската кошаркарска репрезентација ја запиша и втората победа во овој ноемвриски ФИБА прозорец, во кој нашиот национален тим одигра два натпревари од претквалификациите за Европското првенство во 2029-та година. По уверливата победа над Азербејџан на домашен терен, избраниците на Марјан Илиевски имаа далеку потежок тст на гостувањето во Даблин, но нашите репрезентативци сепак ќе се вратат со планирана победа од Ирска. Иако домаќините ни ...