Тетовска Шкендија испиша историја со пласманот во плеј-офот на Конференциската лига и ќе биде првиот македонски тим кој успеал да ја мине групната фаза во европските натпреварувања на УЕФА. Актуелниот шампион на Македонија се најде во групата на неносители и ќе ја чека ждрепката за нокаут-фазата, каде сигурно ќе добие, условно кажано, посилен противник, односно еден од тимовите што се пласираше помеѓу деветтото и шеснаесеттото место. Шешир 1: ...
Шкендија испиша историја освојувајќи го 22. место во лигашкиот дел од Конференциската лига на УЕФА, кое значи и историски пласман во нокаут фазата од ова европско натпреварување. Сега погледите се вртат кон ждрепката за следната фаза, а согласно пропозициите на УЕФА, тетовци имаат два потенцијални ривали за оваа рунда. Погодокот во судиското продолжение на АЕК за победа над Крајова ја искачи Шкендија на 22. место, со што се избегна опасноста ...

