Росалија беше главната ѕвезда на 27. доделување на „Латино Греми“, одржано во Лас Вегас. Таа вечерта ја заврши со шест освоени награди од седумте категории во кои беше номинирана, а најважната – за албум на годината – ја доби за албумот „Lux“. Со ова стана првата жена во историјата на „Латино Греми“ која трипати ја освоила наградата за албум на годината. Претходно ја доби за „El Mal Querer“ во 2019 година и за „Motomami“ во 2022 година. ...
Шпанската пејачка Розалија повторно се запиша во историјата на Латино Греми наградите, откако по третпат ја освои најпрестижната награда за албум на годината. Признанието го доби за својот албум „Лукс“ (Lux), објавен во 2025 година, на 27. доделување на музичките награди, одржано во четвртокот во Лас Вегас, пренесува магазинот „Ролинг стоун“. Со ова достигнување, Розалија стана првата жена која трипати ја освојува наградата за албум на ...

