Албанскиот интернационалец Гледи Мици ја завршува својата авантура во македонскиот прволигаш, Струга Трим Лум, јави клупската управа. Мици пристигна крај езерото пред почетокот на минатата сезона од екипата на Тирана и во дресот на Струга одигра 28 натпревари во Првата македонска лига. Од клубот му се заблагодарија за неговиот ангажман и професионализам, посакувајќи му среќа во натамошниот дел од кариерата. 30-годишниот дефанзивец во минатото ...
Струга Трим Лум продолжува да го задржува искусното јадро на тимот за новата сезона. Клубот ја продолжи соработката со искусниот играч за врска Буњамин Шабани за уште две години. Триесет и петгодишниот фудбалер е еден од најискусните во составот на стружани и ќе продолжи да го носи дресот на актуелниот прволигаш и во наредниот период. Во својата богата кариера Шабани настапуваше за повеќе клубови во Македонија и регионот, меѓу кои Скопје, ...

