Општествено-политичката саможивост и историското слепило кај еден минорен дел од „актерите“ на македонската политичка сцена – оние трансформирани во безнадежни политикантски секти! – свесно и континуирано го разгоруваат пожарот на политичкото безумие и националното предавство. Наспроти сите културни и цивилизациски аргументи, наспроти неподмитливите историски докази, тие се подготвени да збришат сѐ што генерации и генерации пред нив ...

Во еден поширок општествено-политички контекст вжештените „расправи“ за буџетот или изборниот закон се само политикантска смешка, т.н. „Талир 2“ па и „Талир 100“ или актуелното семејно или врсничко насилство се или ќе бидат само детска игра во милјето на меѓупартиското односно политичкото силеџиство и појавата на монструозни идеи. Објективно тие се ултимативната кочница на државата и општествениот развој во сите насоки. ...