Американецот Максвел Смарт (Стив Карел) работи во владина агенција за шпионажа. Кога седиштето на агенцијата е нападнато, шефот одлучува да го назначи Смарт за шпион и му го доделува партнер – секси агентката 99 (Ен Хатавеј). Двоецот тргнува да се бори против своите напаѓачи поминувајќи низ разни опасни ситуации. На крајот ќе биде компромитиран нивниот идентитет, и може да бидат посочени како жртви, додека на другата страна нивните напаѓачи ...

Париз, 1887 година. Иако двобоите се официјално забранети, тие и понатаму се единствениот начин за одбрана на честа. Мајсторот за мечување Клеман Лаказе се обидува да го спречи својот внук да влезе во нерамноправен дуел со искусниот полковник Бершер, додека Мари-Роз Астие де Валсајр, феминистка која се бори за еднаквост на жените, сака да докаже дека честа не е само машка привилегија. Историскиот филм на актерот и режисер Винсент Перез ...