Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 3 февруари. Денеска е Св. Симеон Богопримец и св. пророчица Ана. Црквата сочувала еден благочестив обичај, во деновите после големите празници да ги слави оние личности што учествувале во тој празник. Поради тоа, веднаш после празникот Сретение се слават свети Симеон Богопримец и света пророчица Ана. Тие се првите луѓе што го познаа Помазаникот Божји, или Христос, во смирениот човек ...

Според календарот на МПЦ (Јулијанскиот календар) денеска е 5 февруари. Денеска е Св. маченица Агатија. Агатија потекнуваше од градот Палермо, на островот Сицилија, од видни и богати родители. За време на цар Декиј (249-251) почнал страшен прогон на христијаните. Штом веста за тоа стигнала до Сицилија, Агатија почнала да се подготвува за мачеништво. Управникот на областа Квинтијан испратил војници, кои ја спровеле Агатија до градот Катанија. ...