Со презентација на докази за изградбата, намената, бесправните градби, легализацијата и движењето во сопствеништвото на објектот во кој се наоѓаше дискотеката „Пулс“, денеска продолжи судскиот процес против 35 обвинети. Според презентираните записници, дозволи и други материјали дозвола за градба на објектот е дадена во јули 1999 година, сопственик е Никола Кузманов а објектот е регистриран како лесна индустрија која не загадува. Презентирани ...
Со изведување на материјални докази од Обвинителство, денеска во судницата во „Идризово“ продолжи судењето за пожарот во кочанската дискотека „Пулс“, во кој загинаа 63 лица, а над 200 беа повредени. Обвинителството презентираше докази за правното лице – правните субјекти Класик ДМ ДОО Кочани и ММММ ДООЕЛ Кочани и подружниците Кабаре Пулс и Клуб Пулс – од основање, измени, состојба во централен регистар и нивна поврзаност од лицата кои биле ...

