Кошаркарите на Бутел направија голем чекор кон финалето и пласман во Суперлигата, откако славеа на гостувањето кај Соколи 1933 во Штип со 69:76, во првиот натпревар од полуфиналната серија. Во салата „Јордан Мијалков“, штипјани влегоа како фаворити со оглед на предноста на домашниот терен, но гостите одиграа зрело и тактички дисциплинирано, особено во второто полувреме. Соколи парираа во најголемиот дел од мечот, но во завршницата Бутел успеа ...
Кошаркарите на Соколи со пораз го започнаа полуфиналето откако на домашен терен во Штип загубија од Бутел со резултат од 69:76 со што скопскиот тим има почента предност во полуфиналето. Бутел во преполната сала „Јордан Мијалков“ уште од самиот почеток стегна голема резултатска предност која беше клучна за триумф среде Штип. Во првите десет минути создадоа голема предност од 11:28, а истата на крајот беше клучна и пресудна за триумф на Бутел. ...
Вечерва на програмата се реванш-натпреварите од полуфиналната серија во плејофот на Првата македонска лига. Двата дуели може да ги дадат и финалистите, додека Борец Баскет и Соколи 1933 ќе се обидат да изборат мајсторка и да ја продолжат неизвесноста во серијата. По првите полуфинални натпревари, Струмица 2001 и Бутел стекнаа почетна предност и вечерва ќе имаат можност да ја потврдат со пласман во финалето. Од 19 часот во Велес, Борец Баскет ...
Кошаркарите на Соколи израмнија на 1:1 во финалната серија за пласман во Суперлигата, откако славеа на гостувањето кај Бутел во Скопје со 65:68 во драматичен и неизвесен натпревар. По поразот во првиот меч, Соколи покажаа карактер и цврстина кога беше најпотребно. Во текот на целиот натпревар се водеше изедначена борба, со чести промени на водството, но гостите во завршницата беа посмирени и поконцентрирани. Клучните поени во последните ...

