Македонската ракометна репрезентација вечерва (20:30 часот) во Хернинг ќе го отвори настапот на Европското првенство со дуел против актуелниот светски и олимписки шампион Данска. „Црвено-жолтите“ влегуваат во уште еден голем шампионат со јасна желба за докажување, иако бројките, историјата и прогнозите не одат во нивна полза. Македонија и Данска досега одиграле осум меѓусебни натпревари на големи турнири и квалификации, а само еднаш нашата ...
Македонската ракометна репрезентација го започна Европското првенство со пораз од 36-24 против домаќинот Данска во Хернинг. Очекуван резултат, но и искра на достоинство во играта на нашите момци, кои, и покрај огромната разлика во квалитет, не дозволија натпреварот да се претвори во понижување. Во салата со 15.000 гледачи, секој потег беше проследен со аплауз — и за Данците, и за нашите. Кирил Лазаров, селекторот што знае кога треба да се ...
Македонската машка ракометна репрезентација денеска ја игра една од клучните средби на Европското првенство, дуелот против Португалија во рамки на второто коло од групата Б. По поразот од Данска на стартот, избраниците на Кирил Лазаров се наоѓаат во ситуација во која бодовите од овој натпревар можат значително да ги зголемат шансите за пласман во наредната фаза. Средбата во „Јиске Банк Боксен“ во Хернинг носи огромна тежина, бидејќи ...

