Повеќе нема да молиме и да бараме туку ќе се бориме. Од денес работниците зборуваат, а Владата пратеници и работодавачите ќе слушаат. Ова се само дел од пораките кои денес беа испратени од протестот организиран од Сојузот на синдикати на Македонија откако пропаднаа сите обиди за договор за повисока минимална плата, од законски предвидени 1.600 денари од март. На пратениците им порачаа дека работниците се тие кои ги избрале и дека пратениците ...
Историјата вели дека работниците, традиционално, испраќаат пораки за подобри работни услови на 1 мај. Но, годинава, протестен марш се случи на самиот почеток, на 28 јануари Иако температурите се ниски, социјалниот термометар врие. Работниците не можеа да ја чекаат пролетта, бидејќи за инфлацијата и сиромаштиајта зимски сон, нема. Кореографијата добро позната – знамиња, транспаренти и свирчиња. Веднаш по крајот на работното време, паркингот ...

