Според Министерството за финансии, процентуалното пресметување на буџетот на судската власт во однос на БДП, не обезбедува гаранција за економично, наменско и рационално трошење на буџетските средства, туку тоа се обезбедува по пат на следење на индикатори на успешност. Буџетирањето базирано на резултати би ја подобрило ефикасноста и ефективноста на судската власт преку поврзување на трошоците со резултатите што се постигнуваат – велат оттаму ...
Владата најавува воведување на буџет по учинок за судството, со образложение дека фиксниот законски процент од БДП не гарантира рационално трошење, туку дека ефикасноста треба да се мери преку индикатори на успешност. Иако Законот пропишува најмалку 0,8% од БДП за судската власт, државата традиционално одвојува само околу 0,3%, а според Судскиот совет, и годинава не е испочитувана законската процедура за усогласување на буџетот со Министерството ...

