Иван Антонов е роден во село Ума, Гевгелија, на 01 мај 1924 година. Тој беше доајен на македонското радио и телевизиско спикерство, човекот со најрадиофоничниот и најпознатиот машки глас во Македонија. Антонов беше меѓу десет најпопуларни личности во Македонија помеѓу 1947 и 1983 година. За сите генерации слушатели на Радио Скопје или гледачите на Телевизија Скопје, Антонов беше и ќе остане еден од ненадминатите спикери. Спикерската кариера ја ...

Програмата беше реализирана од импровизирано студио во Нерези и со една репортажна кола, во услови на сериозни последици по катастрофалниот земјотрес од 26 јули 1963 година. Во тој период, Скопје доби на располагање стари репортажни возила донирани од Велика Британија и Италија, што овозможи воспоставување на телевизиско известување. Со емитувањето на првиот ТВ весник започна и редовната програма на Телевизија Скопје, што претставува значаен ...