МЗТ Скопје продолжува со силното темпо во АБА-2 лигата. Македонскиот шампион ја запиша третата победа во сезоната, совладувајќи ја Јахорина со 96-77 во „Јане Сандански“ и ја задржа позицијата во самиот врв на табелата. Домаќинот го контролираше мечот од првата минута и не му дозволи на противникот ниту еден резултатски импулс. МЗТ ја доби секоја четвртина, а најголемото одлепување дојде пред паузата, кога разликата се крена на двоцифрени 57-47. ...
Многу потешко од очекувањата, тимот на МЗТ Скопје вечерва успеа да слави на гостувањето во Кавадарци, кај тимот на Тиквеш со минимални 82:85. Иако на стартот на мечот ништо не наговестуваше дека истиот ќе биде неизвесен, сепак, домаќинот, но и гостинот кумуваше тоа така да биде. Првата четвртина МЗТ Скопје рутински ја доби со 15:28, а и втората со 18:21. Сепак, во вториот дел домаќинот успеа да ја консолидира играта, пред се очигледно ...
Кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром триумфираа синоќа на домашен терен над Јахорина Пале со 96-77 во рамки на четвртото коло во регионалната АБА 2 лига. Македонскиот шампион сосема заслужено дојде до третата победа во АБА 2 лигата, контролирајќи го резултатот во текот на целиот натпревар во салата „Јане Сандански“. Илајџа Мекејден со 28 и Чарлс Гил со 19 поени беа најефикасни во редовите на МЗТ Скопје Аеродром, кој со вечерашниот триумф се искачи ...

