Дамјан Стојановски е икона на македонската кошарка, а со освоениот Куп-трофеј со МЗТ Скопје влезе меѓу легендите во натпреварувањето. Стојановски го освои вкупно 11. пехар во Купот на Македонија и стана лидер на „вечната листа“. Зад него заминува Перо Блажевски, кој има десет освоени пехари во натпреварувањето. Семејството Стојановски има богата историја во ова натпреварување и вкупно 25 трофеи. Покрај Дамјан Стојановски со 11 трофеи, на ...
Вечерва се одигра кошаркарскиот Куп на Македонија – „Благоја Георгиевски-Буштур“, а тимот на МЗТ Скопје уште еднаш покажа кој е „големиот шеф“. Во натпревар во кој КК Куманово сакаше пред своја публика да го освои првиот куп-трофеј, минатогодишниот шампион од Аеродром ја расипа таа бајка, славејќи во финалето со убедливи 96:70. МЗТ Скопје беше подобар противник во секој поглед од играта и на крајот сосема заслужено се закити со 14. трофеј во ...

