Пред неколку дена американскиот потпретседател Џеј-Ди Венс на безбедносната конференција во Минхен најави големо повлекување на американските војници од Европа, а во Приштина тоа беше сфатено како директна најава за затворање на американскиот воен камп Бондстил . Бондстил е главната американска воена база на Косово и најголемата американска воена база во Европа. Тој е под команда на КФОР и служи како штаб на НАТО за источниот дел на КФОР. ...
Германскиот Билд објави дека во многу делови на Европа постои голема загриженост за американско-руските преговори и можноста за повлекување на американските војници од некои делови на Европа, вклучително и Косово, пренесува „Репортери“. „Италија се подготвува за можно повлекување на американските трупи од Косово. Тогаш европските сојузници би биле сами на Балканот против пријателот на Путин, Александар Вучиќ и неговата моќна српска војска“, ...