Францускиот фудбалер Килијан Мбапе ќе биде дел од тимот на Реал Мадрид за претстојниот натпревар од Лигата на шампионите против Манчестер Сити, објави денеска шпанскиот клуб. Мбапе не играше од 21 февруари поради повреда на коленото поради која пропушти пет натпревари, вклучувајќи ја и победата на Реал од 3-0 над Сити во првиот натпревар од осминафиналето на Лигата на шампионите минатата недела. Французинот е во составот од 26 играчи што го ...
Добри вести пристигнуваат за навивачите на Реал Мадрид, бидејќи нивниот најдобар стрелец Килијан Мбапе ќе биде во составот за реванш натпреварот од осминафиналето на Лига на шампиони против Манчестер Сити. Францускиот напаѓач успешно се опорави од повредата на левото колено која извесен период го оддалечи од терените, па тренерскиот штаб на „кралевите“ повторно ќе може да смета на неговите услуги во еден од најважните натпревари во сезоната. ...
Реал Мадрид го одработи вечерниот термин и ги направи завршните подготовки за реваншот со Манчестер Сити во Лигата на шампиони, натпревар во кој ќе влезе со предност од 3:0. Првите 90 минути целосно им припаднаа на „кралевите“ и избраниците на Алваро Арбелоа ќе имаат добра залиха на „Итихад“, но како што порача самиот тренер на Реал, целта на тимот ќе биде да се оствари втора победа, а не да се брани водството од Мадрид. Во комуникацијата ...

