Скандал во кочански Водовод. 50.000 евра вреден тендер од комуналното Јавно претпријатие доби фирма со блокирана сметка и со само тројца вработени, чиј сопственик е близок другар на директорот на претпријатието, обвинија на прес од советничката група на „Доста беше“, најавувајќи и пријава до Основното јавно обвинителство. Но, за апсурдот да биде уште поголем, во истото ова јавно претпријатие, исто така сомнителен е и тендерот за такси превоз. ...

Независните советници во Советот на општина Кочани од коалицијата „Доста беше“ обвинуваат за нерегуларности во работењето на ЈКП „Водовод“. Сериозните обвинувања се однесуваат на криминал во јавните набавки и непотизам. Тендер распишан од претпријатието вреден 50.000 евра за набавка на резервни делови го добила фирма чија сметка во тој момент била блокирана. -Прашањето кое се поставува е, како оваа фирма ги исполнува условите да учествува во ...