По неколку дена јавни реакции, обвинувања и медиумски написи за најавеното именување на човек осудуван за измама со животни, градоначалникот на Скопје Орце Ѓорѓиевски направи чекор назад. Наместо Стево Ќирков, чие име предизвика бурни реакции кај активистите и дел од јавноста, Зоолошката градина во Скопје доби нова вршителка на должност – Катерина Костова, внатрешен кадар кој со години работи во установата. Костова, како што пренесува Плусинфо ...
Катерина Костова е новата в.д. директорка на скопската Зоолошка градина, потврди градоначалникот на Скопје, Орце Ѓорѓиевски за Телма. Таа доаѓа од редот на вработените во установата, поточно од правниот сектор. Изиминатите денови се појави информација дека нов директор на ЗОО Скопје ќе биде Стево Ќирков, кадар на ВМРО-ДПМНЕ, што и тој самиот ја потврди. Ќирков тврдеше дека е избор на градоначалникот Ѓорѓиевски, а во Зоолошката градина доаѓа за ...

